Η Βουλγαρία ετοιμάζει κόκκινη κάρτα για τη Μακεδονία στην Ευρωπαϊκή Ένωση. Την Παρασκευή στη Σόφια πραγματοποιήθηκε σύσκεψη με θέμα «Πού πηγαίνει η Δημοκρατία της Μακεδονίας», στην οποία συμμετείχαν ευρωβουλευτές, βουλευτές, ιστορικοί, πρέσβεις και πολιτικοί επιστήμονες, ενώ ο Πρωθυπουργός της Βουλγαρίας Μπόικο Μπορίσοφ, είπε ότι η Σόφια είναι κατά της ονομασίας «Βόρεια Μακεδονία» γιατί εκφράζει εδαφικές αξιώσεις.
„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија
Слободанка Јовановска
Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.
Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.
"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.
"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.
Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.
"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.
Тој исто така побарал Македонците да ги менуваат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.
Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.
Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.
Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.